Мени

Викендов 38 возачи управувале со брзина поголема од дозволената, а 14 без дозвола

16.09.2019 08:33 | KumanovoNews

Во текот на викендот (13.09-16.09.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Викендов 38 возачи управувале со брзина поголема од дозволената, а 14 без дозвола

Од сообраќајот се исклучени 14 возачи, кои 3 возачи управувале под дејство на алохол и 11 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. Од сообраќај се исклучени 8 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкциониран е еден возач поради престигнување и еден поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Во текот на викендот издадени се 91 мандантен платен налог,  75 прекршочни платни налози, а 8 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.