Високата зона во градот и населбите без вода поради дефект на доводниот систем на „Водостопанство“
Жителите на повисоките делови на градот и населбите: “Карпош”, “Иго Тричковиќ”, “Ајдучка чешма”, “Јане Сандански”, “Перо Чичо”, “Железничка станица”, “Черкези”, како и горниот дел од улица “Бајрам Шабани” и околните улици кои гравитираат околу неа, останаа без вода за пиење поради намален дотур на вода до филтер станица од хидросистемот Глажња-Липково.

Намалениот доток на вода до филтер станица се должи на дефект на водоводниот систем на АД Водостопанство, поради кој е затворен цевководот бај-пас Ф500.
Според информации од АД „Водостопанство“, нивните екипи се на терен и активно работат на отстранување на дефектот, кој најверојатно ќе се санира во тек на денот, по што ќе се пушти дотурот на вода до филтер станица и ќе се нормализира водоснабдувањето.
„Апелираме до граѓаните да не полеваат бавчи, да не мијат автомобили и да не полнат базени. Водата треба да стигне до секој наш граѓанин“, велат од ЈП „Водовод“ Куманово.