×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Визија“ организира бесплатен инфо час за Школата за брзо читање и мудро учење

    30.10.2020 10:11 | KumanovoNews

    Образовниот центар „Визија“ организира бесплатен информативен час за родителите, коишто се заинтересирани своите деца да ги запишат во Школата за брзо читање и мудро учење.

    „Визија“ организира бесплатен инфо час за Школата за брзо читање и мудро учење

    - На Фејсбук страната е пријавата за бесплатниот инфо час на Школата за брзо читање и мудро учење - Куманово, на кој родителите ќе можат да се запознаат со нашата прoграма и начинот на нејзиното спроведување, - соопштуваат од „Визија“.

    Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/

     Школа за брзо читање и мудро учење започнува со работа од 7 ноември. Програмата е наменета за ученици, средношколци, студенти и возрасни кои сакаат со помалку потрошено време да постигнат подобри резултати во училиште, на факултет или на работа.

    Школата за брзо читање и мудро учење е проект организиран во соработка со германскиот институт „DOOR Training & Consulting“ во Визбаден.

    Франшизата е развиена и проширена во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

    Постојат две обуки кои се сосема различни една од друга.

    - Првата обука е мудро читање од прв чекор и е наменета за деца од 7 до 9 години. Оваа обука трае 8 месеци. Целта на програмата  „Мудро учење од прв чекор“ е подигање на развојните способности на малите деца од 7 до 9 години, како и помош во совладување на потешкотиите во училиштето – читање, пишување, пресметување, организирање и издвојување на важни елементи од материјалот, подигнување на вербата кај децата. Наша задача е да се активираат капацитетите за учење кај децата, при што во фокус се сите работи кои децата на таа возраст може да ги совладаат и со позитивна интеракција да ги обноват и обогатат животните искустава за просторот, времето, за другите, за себе, за возрасните, за школото и животот, - соопштуваат од Визија.

    Втората обука е Школа за брзо читање и мудро учење и е наменета за над 9 години. Ова обука трае 6 месеци.  Таа е две години по ред добитник на признание за најголем придонес во областа на образованието на територија на цел Балкан.

    Овозможете му на вашето дете:

      - многу поголема брзина во читање

      - зголемена концентрација

      - подобро разбирање на прочитаното

      - побрзо и подолго помнење

      - постигнување на подобри резултати во училиштето

      - лесно презентирање на наученото

      - издвојување на клучни зборови и нивно организирање

      - способност за планско учење

      - развивање на техники кои ќе му помогнат во текот на целиот живот

    Се работи во мали групи до 6 деца. Часовите се во училница, со почитување на мерките за корона вирусот.

    Уписот е во тек. Повеќе инфо на: ☎ 072 311 748 или директно во Образовен центар ВИЗИЈА.

    На децата ќе им треба поддршка во учењето. Изберете ја вистинската!

    Дајте им поддршка на вашите деца кога нивното школување изгледа "малку" поразлично.