×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата ги објави фирмите што не исплатиле државна помош на вработените

    30.07.2020 19:17 | KumanovoNews

    Владата ја објави листата на фирми кои зеле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати.

    Владата ги објави фирмите што не исплатиле државна помош на вработените

    Во информацијата на владината веб страна заедно со линкот се наоѓаат имињата на компании од Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

    Од Управата за јавни приходи попледнево појаснуваат дека не се точни наводите дека газдите на фирмите не исплатиле 10 милиони евра државната помош на вработените, по основ на минималец.

    „Како што објавивме на прес конференцијата во вторник вкупно 281 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец април 2020 во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, односно за месец мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари“, соопштуваат од УЈП.

    Управата за јавни приходи податоците за обврзниците кои не исплатиле плата, а примиле финансиска поддршка, ги доставува до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, односно и двете институции располагаат со исти податоци и иста сума на исплатена финансиска поддршка кон овие компании.