×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата ги прифати новите мерки - нема гостување на пејачи во кафеаните, на маса по 4 гости

    04.10.2020 20:28 | KumanovoNews

    Владата ги прифати предлозите за рестриктивни мерки на Комисијата за заразни болести, во насока на намалување на ризикот од појава и ширење на ковид-19. Тоа значи дека ќе се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, ќе се намали гласноста на музиката до 55 децибели и ќе се намали бројот на гости на една маса во угостителските објекти.

    Владата ги прифати новите мерки - нема гостување на пејачи во кафеаните, на маса по 4 гости

    - Не е дозволено гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели). Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели. Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се ограничува дозволениот максимален број на лица на една маса на 4 лица. Владата прифати на стриктно почитување на точка 3. не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси како во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти, така и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите, - информираат од Владата.

    Владата го прифати укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.