Владата го усвои предлогот за намалување на ДДВ за струјата за домаќинствата
Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства од 18 на 5 отсто.

„Според овие предлог измени, данокот на додадена вредност за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата да се намали од 18 на пет отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата да изнесува 10 проценти. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка да изнесува повторно 18%“, соопшти Владата.
Од Владата велат дека целта на овие измени и дополнувања на Законот за ДДВ е со пониски цени на електричната енергија да им се помогне на домаќинствата со намалување на нивните трошоци.