Владата ќе дава субвенции до 30.000 денари за гасификација на домаќинствата
Домаќинствата во Куманово кои сакаат да се приклучат на гасоводната мрежа можат да аплицираат за субвенции во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Средствата во висина до 30.000 денари се наменети за надоместување на дел од трошоците за изведба на приклучок на системот за дистрибуција на гас или за набавка на котел на гас на веќе извршен приклучок на системот за дистрибуција на гас.
„Со цел стимулирање на користењето на природниот гас, на домаќинствата кои ќе се приклучат на гасоводниот дистрибутивен систем, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 70%, но не повеќе од 30.000 денари по домаќинство за 2026 година.
Јавниот оглас е наменет за домаќинствата кои имаат извршено приклучување на системот за дистрибуција на гас во Република Северна Македонија или имаат извршено набавка на котел на гас на веќе извршен приклучок на системот за дистрибуција на гас, во периодот од 01.01.2026 година до 30.06.2026 година“, се вели во објавата на министерството.
Барањата можат да се подигнат во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или да се преземат преку веб-страницата на министерството: www.energy.gov.mk.