Владата ќе набави 100 нови амбулантни возила, вредни 7,5 милиони евра
Министерството за здравство ќе набави 100 нови амбулантни возила, вредни 7,5 милиони евра, со медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата.
Одлуката била донесена на вчерашната седница на Владата.
„Со оваа одлука обезбедуваме средства за набавка на 100 нови амбулантни возила, со вкупна вредност од 461.250.000 денари, со преземање обврски во рамки на развојниот дел од буџетот во наредните четири години. Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, подобра покриеност во урбаните и во руралните средини“, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.
На владината седница е одлучено земјиштето на паркинг просторот во Клиничкиот центар д се запише во сопственост на државата, со што се отстранува административната пречка за потпишување на договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“.