×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата потврди дека во Куманово ќе се одржи 171. седница

    15.12.2019 21:37 | KumanovoNews

    Владата на Република Северна Македонија својата редовна 171. седница ќе ја одржи утре, (понеделник) во Занаетчискиот дом во Куманово.

    Владата потврди дека во Куманово ќе се одржи 171. седница

    Со оваа трета седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, ќе претседава претседателот на Владата Зоран Заев, и на неа ќе присуствуваат сите министри во владата, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од регионот.

    На оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на општините од регионот.

    За таа цел, во текот на денот, на седницата ќе ѝ претходат повеќе теренски активности.

    Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, ќе извршат увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Куманово - Св. Николе.

    Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посети Општата болница во Куманово.

    Во рамки на теренските настани, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе ја посети компанијата за месна индустрија „Никси“, како еден од корисниците на ИПАРД програмата.

    Во Здружението на пензионери, министерот Венко Филипче ќе се сретне со пензионерите од Куманово и регионот.

    Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, ќе се сретне со корисници на социјална пензија од Куманово и регионот, - соопштуваат од Владата.