×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата се откажува од изградба на амбуланти во руралните подрачја

    07.09.2019 07:41 | KumanovoNews

    Владата целосно се откажува од изградба и реконструкција на амбуланти во руралните подрачја во државата, открива предлог-ребалансот на буџетот што го усвои Владата на последната седница.

    Владата се откажува од изградба на амбуланти во руралните подрачја

    Како што пренесува порталот Мета.мк, во документот може да се види дека во потпрограмата „Амбуланти во рурални подрачја“ кај Министерството за здравство  од првично планираните 3.000.000 денари со ребалансот не е одвоен ниту денар, а пари за оваа намена не се предвидени ниту во наредните години.

    „Целта на оваа потпрограма е подобрување на условите за пружање на здравствена заштита на населението во руралните подрачја, подобрување на здравјето на населението и намалувањето на трошоците за пристап до здравствените услуги. Реконструкцијата на руралните амбуланти ќе придонесе за намалување на морбидитетот на населението, подобрување на квалитетот на живеењето и запирање на процесот на миграција село-град“, пишува во објаснувањето на оваа потпрограма во предлог-ребалансот на буџетот,  а пренесува Мета.мк.