Владата во понеделник ќе одржи седница во Куманово
14.12.2019 22:18
| KumanovoNews
Владата на Република Северна Македонија, во понеделник ќе одржи редовна седница во Куманово.

Седницата ќе со одржи во салата на Занаетчискиот дом во 19 часот. На седницата, покрај премиерот и министрите ќе присуствуваат и градоначалниците од Североисточниот регион.
Во склоп на одржување на седницата ќе има и министерски теренски активности.
Седницата во Куманово е трета од утврдените 10 седници, коишто еднаш месечно, ќе се одржуваат во десет различни региони во државата.