Мени

Владимир Павловски назначен за заменик-градоначалник на Куманово

27.04.2020 09:33 | KumanovoNews

Владимир Павловски, член на  Советот од  СДСМ, е назначен за заменик-градоначалник на Општина Куманово.

Владимир Павловски назначен за заменик-градоначалник на Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски го назначи Павловски за свој заменик уште минатата недела, веднаш по добивањето на решението за самоизолација поради позитивниот тест на коронавирус.

Согласно  Законот за локална самоуправа, градоначалникот определува кој од членовите на советот ќе го заменува во случаи на спреченост или отсуство,  заради благовремено обезбедување на неопходни услови за непречено функционирање на локалната самоуправа.

Имајќи ја предвид актуелната состојба во Куманово Павловски ќе ја врши функцијата до завршувањето на самоизилацијата на градоначалникот Димитиевски.

Согласно новонастанатата состојба, градоначалникот Максим Димитриевски, за негов заменик ме определи мене како член на Советот на Општина Куманово, да ги вршам неопходните активности, се со цел да не се создаде вакум во функционирањето на локалната самоуправа и Општина Куманово. Воедно би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот за дадената доверба, да му посакам побрзо излегување од моменталната состојба и враќање на извршување на секојдневните активности, се со цел продолжување на развојот на Општина Куманово, - изјави советникот Владимир Павловски, за Кумановоњус.

Со оваа одлука Општина Куманово за првпат добива заменик-градоначалник.