Власта Димковиќ избран за заменик министер за земјоделство
Власта Димковиќ (59) од Куманово е новиот заменик министер за земјоделство во Владата на Република Македонија.

Димковиќ е избран на новата функција на денешната собраниска седница заедно со останатите заменици министри.
Димковиќ е кадар на Српската партија во Mакедонија, а по професија е дипломиран земјоделски инжинер-агроном.
Професионалната кариера 15 години ја градел во ЗИК Куманово, а два мандати беше градоначалник на општина Старо Нагоричане како кадар на ДПСМ. Излезе од партијата бидејќи не се согласуваше со одлуката на Иван Стоилковиќ да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Потоа беше член на Српската напредна партија во Куманово, која се распадна, по што се приклучи на Српската партија во Македонија.
Луѓе кои го познаваат велат дека Димковиќ има искуство во политиката и е добар познавач на состојбите во земјоделството, па со своето професионално и приватно искуство може да помогне во решавање на проблемите на земјоделците.
(Власта Димковиќ во средина, со соработниците од Обединетата српска зедница Куманово на одбележување на битката на Чолопечка кула, 2010 година. фото Кумановоњус)