Влажни коловози на патиштата поради утринскиот дожд
11.10.2019 07:17
| KumanovoNews
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштува АМСМ.
Поради изведување градежни активности при поставување индуктивни јамки на магистрален пат А2 Групчин – Тетово, вчера и денеска ќе има промена на режимот на сообраќај.

