×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира против загадениот воздух во Куманово

    28.10.2020 16:50 | KumanovoNews

     ВМРО-ДПМНЕ за утревечер во 19 часот најави протест пред зградата на Владата, а ќе протестира и во Куманово, Битола, Струмица и Тетово.

    ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира против загадениот воздух во Куманово

    Во соопштението од партијата наведуваат дека Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух.

    Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност. ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор.Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки, - соопштуваат од партијата.

    Протестот во Куманово ќе се одржи пред Општината во 19 часот.