×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира со возила во Куманово

    19.10.2020 18:43 | KumanovoNews

     ВМРО-ДПМНЕ утре организира протести со возила во Скопје, Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип и во Битола со почеток во 18.30 часот. Протестот во Куманово ќе започне пред спортската сала.

    ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира со возила во Куманово

    „Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот.

    Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност.

    СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите.

    Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протести со возила на територија на Град Скопје, и општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола утре вторник 20.10.2020 година со почеток во 18.30 часот. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестот против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот“, - информираат од ВМРО-ДПМНЕ.