ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски да се извини на жителите на „Перо Чичо“
ВМРО-ДПМНЕ ги нарече насилни и сколни на пороци политичките опоненти од СДСМ, поради тоа што предизвикале неколку инциденти во изминатите месеци.

Како последен пример ја посочија вчерашната расправија на градоначалникот Зоран Дамјановски со една сограѓанка, при посетата на улицата „Руѓер Бошковиќ“ во населбата „Перо Чичо“.
„Јавно го осудуваме таквото однесување на лица кои треба да бидат пример на градот и да го водат и унапредуваат. Градоначалникот е должен да излезе и јавно да се извини на жителите на населбата Перо Чичо, на жената што ја истурка позади камерите и на граѓаните на Куманово кои со години се манипулирани и лажени. Изминативе неколку месеци СДС Куманово го покажа вистинското лице на граѓаните на Куманово. Покрај кафеанската тепачка во која учествуваше пратеникот Максим Димитриевски, како и инцидентот кога претседателот на ОО на СДС Мартин Костовски физички нападна свој сограѓанин затоа што присуствуваал на мирен граѓански протест, а за кое сега е награден со директорско место во Службен весник на РМ, ова вчера е уште еден по ред инцидент во кој се инволвирани раководителите на СДС од Куманово,- изјави Драган Петковски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Од партијата сметаат дека предолгото владеење во Куманово им дозволи на челниците на СДСМ се да се чувствуваат дека го поседуваат градот и граѓаните.