ВМРО-ДПМНЕ: Европското Куманово сеуште е без вода
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, денеска одржа прес конференција на која побараа градоначлникот и надлежните служби да преземат мерки за решавње на проблемот на недостиг на вода.

На прес конференцијата беше посочено дека Куманово последните месец дена нема вода и дека граѓаните мака мачат со нивните секојдневни обврски на овие тропски температури. После 48 часа од алармирањето, велат од ВМРО ДПМНЕ поединечни делови на Куманово повторно се без капка вода, а другиот дел од градот е со значително намален притисок.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека зе срамно што 27 години не е изградена стабилна водоснабдителна инфраструктура и дека граѓаните се уште пијат вода од цевки кои се поставени речиси предеден век, со кои велат под знак прашање за бактериолошката безбедност на водата.
„Европското Куманово на градоначалникот е оставено со години да тоне и без елементарни услови за живот. Се сменија повеќе директори на јавните претпријатија, но залудно. Зад нив освен се повеќе и повеќе превработеност, се повеќе и повеќе задолжувања, нема ниту една инвестиција и проект кој би бил за доброто на градот. Се оди дури до таму да за да се покријат долговите, се става под хипотека имотот на граѓаните. Граѓаните всушност не ја плаќаат најскапата вода во државава, туку сметките од нерационалното работење на градоначалникот Дамјановски и неговите директори на јавните претпријатија. Ситуацијата во населбите и во централното градско подрачје е иста, секојдневно пукаат цевки, а граѓаните и фирмите не се во можност да ги извршуваат своите обврски. Една од причините за недостиг на вода е и урбаната мафија на СДС и Дамјановски, односно непланското градење згради, a дотраениот систем за водоснабдување очигледно не е предвиден за вакво дополнително оптоварување. Без вода се оставени, градинките, здравствените установи, пензионерските домови. Се случува да иако се претпријатијата превработени, нема доволно кадри да испратат на терен, и се чека подолго време да се започне со санирање на дефектите. Се случува да и граѓаните сами се вклучат во санирање заедно со службите кои едвај доаѓаат, само побрзо да се реши проблемот“-рече Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата.
Тој посочи дека градоначалникот мора да понесе морална одговорност пред граѓаните и да се зафати со работа и додаде дека граѓаните не ги заборавиле ветувањата.