ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните од „Гладно поле“ заслужуваат инфраструктура
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, денеска одржа прес конференција во населбата„ „Перо Чичо“, на која истакнаа дека животот на граѓаните е отежнат како што истакнаа од неодговорните служби на градот Куманово и градоначалникот Дамјановски.

„Со години бараме асфалтирање на улиците и приклучок на канализациона мрежа, но по се надлежните немаат слух. Укажувањата до локалната власт стануваат пракса во овој град, на која нема одговор ниту било каква реакција. Граѓаните тука редовно си ги плаќаат своите сметки кон општината и комуналните претпријатија, затоа заслужуваат изградба на целосна комунална инфраструктура, уште години наназад кога почнале да ги градат своите домови. До сега не е ништо направено. Градоначалникот не го засега тоа што граѓаните се дават во кал. Тука на поголем дожд се формира блато каде што и автомобилите тонат. Децата не може да се играат низ маалото, прошетките се оневозможени“ - рече Цветанка Величковска од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Од ВМРО ДПМНЕ прашаа што стана со именувањето и нумерација на улиците во „Гладно поле“, бидеќи жителите се соочуваат со огромни проблеми при вадење на личните документи, примање и праќање поштенски пратки и слично.
Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ го обвинија градоначалникот на општина Куманово и службите за неодоговорност.