×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа во Куманово – носител адвокатот Владимир Михајловски

    13.09.2025 21:30 | KumanovoNews

    ВМРО-ДПМНЕ попладнево ја достави листата за советници до Општинската изборна комисија во Куманово и ги претстави кандидатите за советници.

    ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа во Куманово – носител адвокатот Владимир Михајловски

    Носител на листата е адвокатот Владимир Михајловски, кој најави позитивна кампања со реални и остварливи ветувања. 

    „Имаме сериозна листа со изградени луѓе, интегрирани во општеството без дамки на своето име.  Сигурен сум дека оваа листа ќе победи и ќе обезбеди мнозинство во Советот. Тоа мнозинство ќе воведе новини во работењето и граѓаните ќе бидат запознаени со сите одлуки кои ќе ги носи Советот. Претпазливи сме со ветувањата, но наша цел е Куманово да го направиме поубаво место за живеење. Трагот што ќе го остави оваа советничка листа и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде референтна вредност за идните совети“, изјави носителот Михајловски.

    Тој најави дека ќе водат позитивна кампања, а ветувањата кои ќе ги дадат пред граѓаните ќе бидат реални и остварливи, поради што, како што рече, доаѓаат подобри времиња за Куманово.