Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, денес со почеток во 18 часот на паркингот кај спортската сала во Куманово, ќе започне протест на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.
Тој е резултат на незадоволството на членството поради интервјуто на премиерот Зоран Заев, за бугарската агенција „БГНЕС“ каде изјави дека и бугарските и македонските војски заедно ги ослободиле Куманово, Крива Паланка и Скопје.
„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат во обрана на националните интереси, откако премиерот Зоран Заев изјави дека Куманово е ослободено од Бугарија. Протестот ќе започне на паркингот кај Спортската сала во 18 часот, а ќе се одвива по поголемите булевари, “ рече Бране Петрушевски, пратеник од Куманово од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ, исто така денес ќе се организираат и во градовите Велес, Тетово, Кавадарци, Охрид и Битола.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk