×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ со протест ги пречека премиерот и министрите во Куманово

    16.12.2019 20:04 | KumanovoNews

    Членови и симпатизери на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва протестираа пред Занаетчискиот дом, додека се одржуваше владината седница.

    ВМРО-ДПМНЕ со протест ги пречека премиерот и министрите во Куманово

    Тие го изразија своето незадоволство поради енормното загадување во градот.

    „Сакавме на овој начин да им приредиме пречек на министрите, бидејќи беше нејавено дека на оваа седница ќе бидат разгледани проекти во интерес на Куманово и кумановчани. Сакаме да ги прашаме како се осмелуваат да дојдат, со оглед на тоа што направија во изминатите 3,5 години за Македонија и изминатите 30 години за Куманово. Од град со кој сите се гордеевме СДСМ направи најзагаден град во Европа, со урбанистички и сообраќаен хаос, кој дополнително го зголеми денешното присуството на министрите“, - изјави Бране Петрушевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

    Протестот беше обезбедуван од полиција, додека демонстрантите скандираа пред зградата Македонија, Македонија.