Внатрешна контрола на МВР ќе го расветлува случајот по обвинувањата на Димитриевски
19.10.2021 12:18
| Сузана Николиќ
МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата, велат од Министерството за внатрешни работи за случајот со кумановскиот градоначалник и независен кандидат, Максим Димитриевски.
Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението.
Димитриевски обвини дека МВР го следи и му врши притисок и тортура, откако претпладнево бил сопрен од сообраќајната полиција и возилото било пратено на технички преглед.

