×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Внимавајте на крадци и измамници!

    20.06.2012 12:28 | KumanovoNews

     Од СВР Куманово ги советуваат граѓаните да внимаваат во престојниот период и додека се на одмор, да не оставаат вредни работи на видно место за да не бидат на мета на крадците.

    Внимавајте на крадци и измамници!

    Граѓаните да внимаваат како ги оставаат домовите, најдобро е да има некој кој ќе се грижи за нив. Доколку нема таков, заштита на врати, прозорци, осветлување на дворот за да не им дојдат неповикани гости. Сите ние сакаме некој да ни ја претскаже иднината и затоа да внимаваат на гатачи, кои гледаат на пари или на злато. Да бидат претпазливи во контакт со непознати лица. Има измамници кои нудат огревно дрво. Секој сака поефтино да ги набави, а на крај останува без пари - вели Виолета Богдановска, раководител на Одделот за превенција.

    Богдановска додава дека измамниците на граѓаните им нудат предмети кои немаат никаква вредност, а и џебните кражби се зачестени бидејќи има раздвиженоста на луѓе.

    Паричникот да не се носи во рака туку во џеб. Возилата да не се оставаат отклучени- советува таа.