×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во акција во Куманово откриено нелегално менување на девизи, запленети евра, долари, франци, динари, левови...

    19.03.2023 18:52 | Сузана Николиќ

    Во акцијата спроведена на територијата на Куманово откриени се и менувачници без решенија и лиценца за менувачко работење со пари, како и лица кои менувале девизи, но и улични поединци кај кои се најдени и српски динари и бугарски левови.

    Во акција во Куманово откриено нелегално менување на девизи, запленети евра, долари, франци, динари, левови...

    Според МВР, полицијата во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршија контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење, преку купување и продажба на ефективни странски и домашни пари, при што кај четири физички и правни лица се констатирани неправилности, односно работење спротивно на Законот за девизно работење.

    „При контрола на првото правно лице во Куманово, утврдено е дека управителот не поседува решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари. Кај правното лице како нерезидент на НБРСМ во моментот на контролата во касата за дневен промет се пронајдени голем износ на домашни и странски пари во различни валути, меѓу кои и: 4,7 милиони денари, 41,4 илјади американски долари, 2,7 илјади евра, 1,1 илјада швајцарски франци, 4,2 илјади бугарски левови и др. 

    За време на контролата на другото правното лице, исто така е утврдено неговиот сопственик не поседува решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари, а во касата за дневен промет располагало со ефективни домашни и странски пари во голем износ, и тоа: 321,6 илјади денари, 630 евра и 320 американски долари. 

    Во деловен објект – менувачница без регистрирано правно лице, е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар, а не поседува ниту лиценца ни решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата тој противправно поседувал домашни и странски валути во износ  од 325 евра, 100 американски долари, 4,7 илјади швајцарски франци, 34,5 илјади денари, 4,8 илјади српски динари. 

    На Градскиот плоштад во Куманово, затекнат е кумановец како врши менувачко работење спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење и кај него се пронајдени 30 илјади српски динари, 2,7 илјади бугарски левови, 700 евра, 1,5 илјади швајцарски франци, 162 американски долари и 65,3 илјади денари. 

    За констатираната состојба спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење на РСМ кај  овие правни и физички лица беше известен дежурен јавен обвинител од ОЈО Куманово и по  целосно расчистување и документирање на случаите од страна на ОКП-ОЕК при СВР Куманово ќе биде изготвен соодветен поднесок“.