Во Белановце фатени кумановци кои нелегално ја минале границата со Косово
18.03.2020 10:19
| KumanovoNews
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце, вчера во 13.10 часот, при обиколка на терен од граничниот премин кон с.Белановце, ги привеле А.А.(29) и М.А.(21), двајцата од Куманово, поради тоа што илегално ја преминале државната граница од Косово кон Македонија.

По извршена проверка било констатирано дека М.А. се барал врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово за издржување казна затвор од траење од шест години.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.