×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Чистота“ нема штрајк, туку група на работници која одбива да работи, соопштуваат од претпријатието

    24.07.2020 15:43 | KumanovoNews

    Не се работи за официјален штрајк, туку за одбивање на работни задачи на одредена група вработени во работна единица „Чистота“, кои веќе подолго време не си ги извршуваат редовно своите работни задачи, стои во соопштението на претпријатието, откако вчера возачите на камиони за изнесување на смет ја прекинаа работата.

    Во „Чистота“ нема штрајк, туку група на работници која одбива да работи, соопштуваат од претпријатието

    „Старите навики во оваа јавно претпријатие мора да се искоренат во целост, бидејќи истите создаваат сериозни проблеми за чистење на градот од комунален смет и негово редовно сервисирање. Од страна на менџерскиот тим се најавуваат засилени мерки и контроли на извршување на работните обврски од страна на вработените, со цел Куманово да има редовен износ и складирање на комунален отпад бидејќи тоа е основна дејност на ЈП „Чистота и Зеленило“, а хигиената е приоритет за здравјето на граѓаните, секојдневно, особено сега во период на пандемија“,  наведуваат од претпријатието.

    Што се однесува до барањата изнесени во медиумите по однос на зголемување на платите, од ЈП „Чистота и Зеленило“, тврдат дека вработените неодамна добиле зголемување од 20 отсто и К-15, а набавена е и нова ХТЗ опрема.

    „Истите вработени имаат зголемување на платата во износ од 20 проценти, исто така имаат добиено исплата на K-15 за 2019 година, а во текот на минатата година им беше исплатено K-15 и за три изминати години. Исто така во текот на минатата година им беше обезбедена и нова ХТЗ опрема и дополнително континуирано им се обезбедува секој вид на заштитна опрема вклучувајќи и заштитна опрема за во кризата поради вирусот КОВИД-19. Овозможени се сите услови за нормално работење. Оваа состојба ќе ја решиме во најбрз можен рок, а против несовесните работници ќе бидат поведени соодветни дисциплински постапки“, -додаваат од ЈП „Чистота и Зеленило“.

    Синдикатот и менаџерскиот тим денеска одржале состанок, каде што било разговарано како да се надмине состојбата.

    Прекинот на извршувањето на работните обврски вработените го започнале вчера, а најавија дека ќе трае и утре. За во понеделник очекуваат зголемување на платите и обезбедување на заштитна опрема.