Во две смени ќе работат шалтерите за лични карти и пасоши
Oтсекот за управни работи во Куманово од денеска ќе работи во две смени, од 8.30 до 20 часот.
Покрај продолженото работно време на шалтерите за лични карти и пасоши, отсега и проверката дали на возачот му е изречена забрана за управување со моторно возило ќе се прави и на шалтерите на МВР во станиците за технички преглед.
„Поради зголемен обем на работа, а со цел да се излезе во пресрет на граѓаните при поднесените барања за издавање на меѓународни возачки дозволи, податокот за проверка на прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило во возачката дозвола на барателот ќе може да се обезбеди покрај во подрачните единици на Одделот за граѓански работи и во Овластените правни лица за вршење на технички преглед каде што има упатено работник од министерството, соопштуваат од МВР.