Изгоре сено во селото Војник
05.12.2022 15:14
| KumanovoNews
Храна за добиток изгорела во голем пожар во село Војник, општина Старо Нагоричане. Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово пожарот избувнал ноќеска во 2.15 часот.

Противпожарната единица од Старо Нагоричане интервенирала и се спречила огнот да се прошири кон објектите.
Пожарот бил изгаснат во 04:30 часот. Причинета е голема матерјална штета, а причината допрва ќе се утврдува.