Во Гошинце говеда заболени од шушкавец
14.08.2015 11:16
| KumanovoNews
Во липковското село Гошинце добитокот е заболен од шушкавец.

Фармер од селото вчера пријавил дека крупниот добиток е заразен од некоја болест, при што шест грла се угинати.
Екипа од Ветеринарната станица Куманово излегла на терен, при што било констатирано дека се работи за шушкавец.
Болеста се јавува спорадично, во планински места и ги напаѓа овците и говедата. Во овој случај се работи за говеда. Треба да се прими вакцина за да не се појави болеста. Локално е, не е страшно и не е опасна болеста по здравјето на луѓето - велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ветеринари веќе се на терен и го вакцинираат добитокот.