Во јануари предизвикани 27 сообраќајни незгоди, едно лице загинало
На подрачјето на СВР Куманово во јануари 2023 година се случиле вкупно 27 сообраќајни незгоди, во кои 1 лице загинало, 2 се здобиле со тешки телесни повреди, 9 со телесни повреди и 15 со материјална штета. Тоа е 34 отсто помалку за истиот период во минатата година.

Од Кумановската полиција велат дека намалување на бројот на сообраќајните незгоди е резултат на континуираните мерки и активности во сообраќајот и редовните акциски контроли што ги спроведуваат на терен.
„СВР Куманово и во наредниот период ќе продолжи да спроведува зајакнати акциски контроли за санкционирање на возила и возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на сите учесници“, велат од полицијата.
Во јануари 2022 година биле регистрирани 41 сообраќајна незгода во кои 2 лица загинале.