Во Клечовце изгореа 20 хектари јачмен
03.07.2021 08:12
| KumanovoNews
Во голем пожар вчера изгореле околу 20 хектари јачмен. Пожарот настанал во м.в. Визијана околу 19 часот, а изгаснат е во 20.20 часот.

„Пожарот го гаснеа пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане со 2 возила и 4 пожарникари и на помош дојдоа од ТППЕ Куманово со 1 возило и 4 пожарникари. Извршен увид од СВР Куманово нема повредени лица“, соопштуваат од Противпожарнатса единица од Старо Нагоричане.
Причината за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдува.