Во Крива Паланка казнети 46 возачи за брзо возење
06.02.2021 13:04
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово вчера откриле и санкционирале 46 возачи од Крива Паланка, кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени и 7 возила поради други прекршоци. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.