×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово 11 згради ќе добијат енергетско ефикасни фасади

    15.07.2025 11:57 | KumanovoNews

    Единаесет згради во Куманово ќе добијат енергетско ефикасни фасади преку проектот на „Хабитат Македонија“, кој го финансира Европската Унија. 

    Во Куманово 11 згради ќе добијат енергетско ефикасни фасади

    Се работи за згради во централното градско подрачје, но и во населбите, кои имаат потреба од реконструкција.   

    Општина Куманово јавниот повик го распиша на 25 мај,  аплицираа управители на згради и заедници на станари, за реконструкција на кров, фасада или заеднички простории. Општината помага со 30 отсто од вредноста на проектот,  а останатите средства ќе ги обезбедат станарите со бескаматен кредит од „Хабитат“  

    Според објавената листа во наредните две години ќе се работи на зградите на улиците: „Ленинова„ бр 2/1и 2,  Плоштад Нова Југославија, „Иво Лола Рибар“ бр 18,  „Народна Револуција“ бр 1/ 1,2 и 3,  „Народна Револуција„ бр 30/ 1 и 2, „Димитрие Туцовиќ“ бр 2/1 и 2,  „Титова Митровачка“ бр 8/4,  „Моша Пијаде„ бр.224, „Моша Пијаде“ бр.226, „Драган Стопаревиќ„ бр 12, и „Титова Митровачка„ бр 2/1.

    „Сите објекти кои се на списоко ќе бидат реконструирани, а динамиката ќе биде според ранг листата. Ќе се започне со средување на техничката документација, а откако ќе се избере изведувач ќе се започне со конкретна реализација. Прво ќе се работи на пет проекти и како ќе се завршат тие ќе се продолжи со другите и се така до завршување на проектот“, вели Горан Митевски од Општина Куманово. 

    Со проектот ” Подобрување енергетска ефикасност во колективно домување”, вреден 3 милиони евра, ќе бидат опфатени околу 200 објекти во три општини Куманово, Карпош и Кочани.