×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово 27 новозаболени и 21 оздравен од коронавирус

    21.03.2021 18:42 | KumanovoNews

    Во последните 24 часа регистрирани се 642 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.730 тестирања.

    Во Куманово 27 новозаболени и 21 оздравен од коронавирус

    По градови во: Скопје – 321, Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово и Неготино – по 17, Штип – 15, Битола и Струмица – по 13, Берово – 12, Делчево – 9, Гевгелија – 7, Ресен и Богданци – по 6, Струга и Кочани – по 5, Дебар, Виница и Крушево – по 4, Кичево и Свети Николе – по 3, Македонски Брод – 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија – по 1.

    Во изминатото деноноќие по компликации од ковид-19 починаа 25 лица на возраст од 61 – 91 година. Според извештајот на Министерстото за здравство и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) починати се : 5 пациенти од Скопје, од Тетово – 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.

    Регистрирани се 524 оздравени пациенти од: Скопје – 347, Прилеп – 42, Куманово – 21, Битола – 16, Тетово – 13, Велес и Гевгелија – по 12, Кочани – 10, Гостивар – 9, Берово – 8, Струмица – 6, Валандово – 5, Крушево – 4 , Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Пехчево – по 3, Кичево – 2, Кавадарци, Охрид, Крива Паланка, Демир Хисар и Дојран – по 1.

    Досега се направени вкупно 590.276 тестирања на ковид-19.

    Во земјава има 119.378 ковид дијагностицирани, од кои оздравени се 100.774, починати се 3.473, а активни случаи се 15.131.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 53172, активни 7705

    Прилеп 6497, активни 949

    Куманово 6241, активни 544.