Во Куманово 5 нови случаи на заболени од коронавирус, вкупно 8
24.03.2020 12:18
| KumanovoNews
Нови пет случаи на заболени од коронавирус се регистирани во Куманово.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица, соопштуваат од Министерството за здравство.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (88), Дебар (40), Куманово (8), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2) и Гостивар (1).