Во Куманово 52 лица не носеле заштитни маски, 38 не го почитувале полицискиот час
Секторот за внатрешни работи Куманово, за време на тридневниот карантин, регистрирал прекршување на одлуката на Влада за ограничување на движењето на граѓаните и носење на лична опрема за заштита од кронавирус.

Според извештајот на МВР, 52 лица не носеле лична заштита, а 38 не го почитувале полицискиот час, во однос на работата на угостителските објекти нема прекршување. Од статистиката може да се види дека граѓаните на Куманово и соседните општини најмалку ги прекршувале одлуките.
“Во текот на изминатите неколку денови, почнувајќи од четвртокот од 21 часот, заклучно до денес до 5 часот на територијата на целата држава констатирани се вкупно 622 непочитувања на одлуката на Владата за ограничување на движењето, најголемиот дел од нив - 340 се констатирани на територијата на Секторот за внатрешни работи во Скопје“, рече министерот Наќе Чулев.
Министерот изрази разбирање за револтот на граѓаните од одлуките со кои се ограничува нивното движење, притоа истакнувајќи дека граѓаните треба да се свесни оти сето тоа се прави со цел да се заштити нивното здравје.