×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово 53 оздравени, четворица новозаболени и еден починат од коронавирус

    06.07.2020 12:28 | KumanovoNews

    Во Центрот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се 4 нови случаи на заболени, еден почина и 53 оздравени од коронавирус.

    Во Куманово 53 оздравени, четворица новозаболени и еден починат од коронавирус

    Досега во Куманово има вкупно 801 заразен, од кои 194 сеуште се активни.

    Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во:Скопје 26, Куманово 4, Дебар 1, Штип 17, Тетово 9, Струга 3, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 5, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип-3, Виница 1 и Свети Николе 5.

    Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје 72, Куманово 53, Штип 20, Прилеп 4, Тетово 10, Велес 1, Гостивар 5, Пробиштип 2, Ресен 4 и Неготино 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.124, бројката на оздравени пациенти е 3.199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.