Во Куманово 7 новозаболени од коронавирус, во Липково шестмина
Вкупно 13 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје Куманово. Од нив 7 се во Куманоско и шестмина во Липково. По села во Оризаре-3, во Липоково-2 и еден во Слупчане.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 од вкупно направени 1279 тестирања.
По градови во: Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.
Во Скопје има активни 1800 пациенти, во Куманово 268 активни.