Во Куманово 71 лице е казнето за неносење на маска
28.12.2020 11:30
| KumanovoNews
Во изминатото деноноќие во Куманово казнети се 71 лице за неносење на заштитна маска.

На подрачето на СВР Куманово биле изречени 93 казни, од кои 71 во Куманово, 17 во Крива Паланка и 5 во Кратово.
„По однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 93 лица не ја почитувалe, од кои 71 во Куманово, 17 во Крива Паланка и 5 во Кратово и ќе следуваат соодветни мерки“ посочуваат оттаму.