Мени

Во Куманово 76 ученици и 17 вработени заразeни со ковид-19

21.09.2021 17:33 | Сузана Николиќ

Еден вработен и 10 ученици од повеќе основни и средни училишта во текот на вчерашниот ден биле пријавени дека се заразени со коронавирус. Со тоа вкупниот број се искачи на 76 ученици и 17 вработени.

Во Куманово 76 ученици и 17 вработени заразeни со ковид-19

„Од почетокот на учебната година од 1 септември до вчера (понеделник) од страна на основните и средните општински училишта, до Секторот за образование се пријавени вкупно 17 вработени во училишта инфицирани со ковид-19 и вкупно 76 ученици од повеќе училишта“, соопштуваат од Секторот за образование. 

Од Секторот за образование од општина Куманово велат дека сите кои имале контакт со новозаболените ученици и наставниците се изолирани и следат онлајн настава.

Во Куманово има регистрирано 905 активни случаи на ковид-19.