Во Куманово 77 лица казнети за неносење на маска
29.12.2020 11:54
| KumanovoNews
Во изминатото деноноќие Куманово биле казнети 77 лица коишто не ја почитувале уредбата за задолжително носење на заштита на лицето.

Како што соопштуваат од МВР, на ниво на СВР Куманово биле казнети 107 лица, од кои 77 во Куманово, 18 во Крива Паланка и 12 во Кратово.
„Против прекршителите на законот ќе следуваат соодветни мерки“, велат од СВР Куманово.