Во Куманово 8 см снег, минималната температура минус 8
15.02.2021 08:21
| KumanovoNews
Во Куманово ноќеска измерена e минимална температура од - 8 степени Целзиусови, а има 8 сантиметри снег.

Најстудено беше во Берово со -19 степени, а најтопло во Гевгелија со - 5 степени. Најмногу снег напаѓа во Попова Шапка со 55 сантиметри, а најмалку во Скопје 6 сантиметри.
Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0 степени.
Во Куманово, сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.