Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 116, Прилеп 23, Охрид 14, Штип и Струга 12, Тетово и Гостивар 10, Куманово 4, Крива Паланка 3 и др.
Починати се 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78), еден од Куманово (68), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77), двајца од Струга (73 и 75), еден од Велес (58), еден од Охрид (69), еден од Кавадарци (71), еден од Гостивар (71), еден пациент од Гевгелија (76) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравени пациенти од:Скопје 189, Куманово 12, Дебар 1, Штип 9, Прилеп 15, Тетово 8, Крива Паланка 6 и др.
Досега во земјата се направени вкупно 235.775 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317.