31. 07. 2020 17:10

Во Куманово денеска 11 заболени и 61 оздравен од коронавирус

Во Куманово денеска 11 заболени и 61 оздравен од коронавирус

 Нови 11 случаи  на коронавирус се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 36, Куманово 11, Штип 11, Тетово 14, Струга 8, Гостивар 16, Кичево 15...

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од: Скопје 353, Куманово 61, Дебар 17, Штип 27, Тетово 17, Гостивар 14, Пробиштип 8, Свети Николе 5, Кичево 7...

Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се лица од изминатиот период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје кон ИЈЗ.

Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје (66), (67), (34), (67) и (86) и пациент од Кочани (76). Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Досега во земјата се направени вкупно 102317 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10754, бројката на оздравени пациенти е 6554, на починати е 486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk