Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Општина Куманово до 15 часот гласачкото право на парламентарните избори го оствариле вкупно 30,6% од гласачите, односно 27.741 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
До 15 часот излезноста на ниво на државата е 31,78 отсто. Како што соопштија од Државната изборна комисија од 3.435 избирачки места од вкупно 3.383, гласале 576.576 граѓани.
Во првата изборна единица е 34,51 отсто од сите запишани во избирачкиот список, а во втората изборна единица 28,96 отсто.
Најголема излезност има во тројката и тоа 37,24 проценти, во четвртата изборна единица излегле на гласање 35,56 проценти од граѓаните со право на глас.
Во петата изборна единица гласале 31,51, а најмала излезност има во шестката каде до 15 часот гласале 22,85 отсто.
Гласањето денеска поради пандемијата на ковид-19 ќе трае до 21 часот.