×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово до 15 часот излезноста е 30,89 отсто на претседателските избори, а 36,39 отсто на парламентарните

    08.05.2024 16:30 | Оливера Пешевска

    Во Куманово до 15 часот гласале 30,89 проценти од граѓаните на претседателските избори, а 36,39 отсто на парламентарните избори.

    Во Куманово до 15 часот излезноста е 30,89 отсто на претседателските избори, а 36,39 отсто на парламентарните

    Во Општина Липково има најмала излезност на изборот за претседател на државно ниво, само 5,14 проценти. На парламентарните избори се изјасниле 28,18 посто од запишаните избирачи.

    Во Старо Нагоричане нема драстична разлика меѓу одѕивот на двојните избори, на претседателските се изјасниле 34,77 посто од граѓаните, а на парламентарните 35,15 проценти.

    И републичкиот просек на сите избирачки места се движи во рамките на локалните трендови, на претседателските избори гласале 32,28 % од вкупниот број избирачи, додека на парламентарните 36,94 од избирачите.

    Избирачите на гласачките места можат да го остварат своето право на глас до 19 часот.