×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем интерес за вакцинација против голема кашлица во Куманово

    05.03.2024 10:38 | Сузана Николиќ

    Минатата недела во Куманово против голема кашлица - пертусис се вакцинирале 193 претшколски деца и 118 на училишна возраст, што значи дека бројката расне во однос на претходните неколку недели. 

    Голем интерес за вакцинација против голема кашлица во Куманово

    Наспроти трендовите во државата, кога по првичниот зголемен одѕив, по 3 недели се намалува бројот на оние кои се јавуваат за имунизација на најмалите, во Куманово стандардно се оддржува висок број, велат надлежните.

    Голем придонес има и патронажната служба на Здравствен дом Куманово, која покрај редовните обврски, извршува и функција на алармирање и информирање на родителите.

    „Колегите од патронажната служба, покрај секојдневните посети во домовите на новороденчињата, ни помага во пронаоѓање и доставување на покани за вакцинација на родителите кои не можевме да ги пронајдеме по телефонски пат. Тоа ни е од голема помош и верувам дека придонесува за ваквиот одѕив за имунизација. Но се уште има родители кои по секоја цена одбиваат да ги вакцинираат децата“, истакнува д-р Валентина Богоевска Димитриевска, начелник на Одделението за вакцинација во Куманово.

    По интензивна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација по редовниот календар медицинските лица ги повикуваат родителите да се јават во вакциналниот пункт на Детскиот диспанзер во Уред или во амбулантата „Тоде Мендол“.

    И повторно апелираат дека се аплицираат истите вакцини во Европа, дека се сигурни и безбедни и дека се единствениот начин да се заштити населението од болести кои беа непознати долг временски период, но сега се враќаат на голема врата токму поради малиот опфат на имунизирани лица.

    Осуммесечно бебе од Куманово е хоспитализирано на Детската клиника во Скопје и е шестиот потврден случај на голема кашлица во североисточниот регион. Состојбата на доенчето е стабилна, а според податоците не било вакцинирано против пертусис.

    Денеска се очекува Комисијата за заразани болести да излезе со нови препораки за заштита на населението од ширење на болеста.