Во Куманово и Липково вкупно 14 новозаболени и двајца починати
Вкупно 14 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Кумaново, во изминатото деноноќие. По општини во Куманово 5 и 9 лица во Липково. По села: по тројца во Матејче и Липково, Слупчане - 2 и Ваксинце -1.

Починати се и жена на 65 години од Куманово и 81-годишен маж од Липково. Денeска се извршени 65 тестирања, од кои 40 во Липково.
Во Куманово има 76 активни пациенти, а во Липково 143.
Во последните 24 часа откриени се 182 нови случаи на КОВИД-19 од 1348 тестирање. По градови: Скопје 107, Куманово 14, Штип 4, Тетово 23, Струга 5, Битола 2, Охрид 6, Гостивар 4, Струмица 1, Кочани 1, Берово 1, Ресен 13 и Неготино 1.
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти: Скопје 22, Дебар 1, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 1, Велес 2, Битола 1, Кочани 2, Свети Николе 1 и Кичево 1.
Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.