Во Куманово и Паланка казнети 27 возачи во алкохолизирана состојба
21.03.2022 12:21
| Сузана Николиќ
Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Куманово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При тоа санкционирани се 27 возачи, од кои 16 на подрачјето на Куманово и 11 во Крива Паланка.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР.